Џон Тери почнува самостојна тренерска кариера

Легендарниот фудбалер на Челси, Џон Тери ќе почне самостојна тренерска кариера. Сегашниот помошник на Дин Смит во Астон Вила се наоѓа пред потпишување на договор со Бормут.

Медиумите во Британија јавуваат дека само детали го делат Тери од преземање на клубот од Чемпионшип. Бормут во моментов се наоѓа на шестото место на табелата и е на минус девет бода од Брентфорд кој во моментов го држи последното место кое води директно во Премиерлигата.

Тери две години работи како тренер, но од Бормут веруваат дека ќе успее да ги врати во елитата.

Се вчитува...