Џон Тери потпиша за Астон Вила

Долгогодишниот фудбалер на Челси, Џон Тери, и дефинитивно го напушти „Стемфорд бриџ“ и потпиша договор со Астон Вила, клубот кој настапува во Чемпионшип дивизијата. Оваа вест ја потврди и претседателот на Астон Вила, Тони Сја. Тери во наредната сезона ќе го носи дресот на клубот од Бирмингем.

Џон тери го напушти Челси по 22 години, со овој клуб освои 16 трофеи и постигна вкупно 66 гола на 713 натпревари. Со лондонските „сини“ освои четири титули во Премиер – лигата, стана првиот капитен кој го подигна пехарот во Лигата на шампионите. Тој не сакаше да ја напушти Англија, но не сакаше ниту да игра против Челси во Премиер – лигата, па затоа се одлучи да потпише за Астон Вила, и треба да биде големо засилување за овој тим во обидот за враќање во елитата.

  

Се вчитува...