Џон Тери со шокантна исповед: Ми доаѓаше да се убијам после промашениот пенал

Џон Тери, легендата на англискиот фудбал и капитен на Челзи, отворено проговори за еден од најтешките моменти во неговата кариера, промашениот пенал во финалето на Лигата на шампионите во 2008 година против Манчестер Јунајтед.

Во разговор со медиумите, Тери призна дека во тој момент почувствувал неверојатен притисок и темни мисли.

„Се сеќавам дека сите се вративме во хотелот во Москва. Бев на 25-ти кат и гледав низ прозорецот, постојано се прашував: „Зошто? Зошто јас?“, рече поранешниот капитен на Челзи.

Тери беше искрен, опишувајќи го чувството на безнадежност што го совладало во тој момент.

„Не велам дека би го направил тоа, но во тие моменти, секакви мисли ви поминуваат низ главата. Тие емоции се едноставно неподносливи“, додаде тој, и кажа дека тие моменти врз него оставиле длабока трага.

Се вчитува...