Со 36 години и над 500 натпревари во Премиерлигата, Џон Тери е прилично „истрошен“ и многумина мислеа дека после Челси, тој ќе му каже збогум на фудбалот. Но, Тери остана на теренот, потпиша за Астон Вила и одржува форма вежбајќи јога со атрактивната инструкторка, Амбра Вало.
„А, затоа ти дојде во Астон Вила“ – пишува во еден од коментарите под фотографијата што ја објави Тери на Инстаграм, на која вежба со инструкторката по јога во просториите на клубот.
Амбра Вало е задолжена за дел од подготовките на фудбалерите на Астон Вила. И тоа не е никаков исклучок бидејќи веќе подолго време јогата е еден од клучните делови во подготовките на фудбалерите и на другите спортисти на највисоко ниво. Речиси секој сериозен клуб во својот тренерски тим има инструктор по јога или користи елементи на јога за психофизичките подготовки на своите играчи. Астон вила го следи овој тренд, а Тери и неговите соиграчии ретко пропуштаат добро истегнување со атрактивната Амбра Вало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА