Џонатан Холмс е ново име во Куманово (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Куманово е пред комплетирање на тимот кој во следната сезона ќе треба да се бори на три фронта, а најновото име во редовите на кумановци е Џонатан Холмс.

Дваестаитри сантиметри високиот Американец кој игра на позицијата крилен центар во редовите на „сино-белите“ доаѓа од втората шпанска лига каде го носеше дресот на Реал Кану. Покрај овој клуб во својата кариера броеше и настапи во Летната НБА лига за Лејкерс и Бостон, потоа настапи и на неколку средби за Барселона.

Неговиоте останати клубови се Кантон, Мејн во „Џи“ лигата, како и израелскиот Хапоел и јапонската Јокохама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK KUMANOVO 2009 (@kkkumanovo)

„Презадоволни сме што успеавме по долги преговори да го потпишеме Џонатан Холмс кој со своето богато искуство од настапите во НБА тимовите, како и Барселона во Европа треба да биде огромна помош за нашиот тим во новата сезона во која ќе се бориме и во Еврокупот. Неговиот потпис ќе биде значаен за македонската кошарка како и градот Куманово“, изјави претседателот на Куманово, Дарко Петковски.

Се вчитува...