Џонатан Мотли на крајот сепак ќе заврши во Црвена звезда

Информацијата дека Џонатан Мотли го напуштил Тел Авив и повеќе нема да игра за Хапоел силно одекна низ Европа.

Непосредно пред тоа се појави веста дека Црвена звезда работи на доведување на американскиот кошаркар. Такво нешто можеше да се предвиди по се што се случи, а европските медиуми наведуваат дека Звезда успеала да го спроведе планот и идејата Џонатан Мотли веќе да биде во Белград.

Наводно Звезда сакала да смета на Мотли веќе на натпреварот против Панатинаикос кој е закажан за во 20 часот. Сепак, од тоа нема да има ништо, но дефинитивно во следните неколку дена Мотли ќе биде промовиран.

Од друга страна, Хапоел веќе најави одредени акции бидејќи сметаат дека играчот нема право да го напушти нивниот тим.

„Доцна во ноќта дознавме дека Џонатан Мотли пристигнал да ги собере неговите работи. Клубот во последните денови презеде чекори кои не се во согласност со великодушниот договор потпишан со него. Клубот почна да дејствува преку соодветните правни канали. Ткој потпиша двегодишен договор со клубот. Клубот инвестираше и ќе продолжи да вложува огромни ресурси и напори за да обезбеди врвен тим, со цел успешно да ги постигне високо зацртаните целит“, стои во соопштението на Хапоел.

Се вчитува...