Џони Еванс ја заврши кариерата и доби нова функција во Манчестер Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс ја заврши 20-годишната кариера и доби нов ангажман како дел од секторот за развој на младите фудбалери во славниот англиски клуб. Тој ќе биде одговорен за испраќањето на фудбалерите на позајмици и ќе соработува со директорот на клубот Вилкокс и директорот за академијата.

Во двете ери поминати во Манчестер Јунајтед, Еванс одигра вкупно 241 натпревар. Беше дел од тимовите кои ја освоија Лигата на Шампиони и три титули во Премиерлигата под водство на Сер Алекс Фергусон.

Се вчитува...