Дефанзивецот Џони Еванс ја продолжи соработката со Манчестер јунајтед и за следната сезона, потврдија од клубот.
Репрезентативецот на Северна Ирска порасна во академијата на „црвените ѓаволи“. Професионалната кариера ја започна во 2006 година кога замина на позајмица во Антверпен, по што играше за Сандерленд до 2008. Црвениот дрес го носеше до 2015 година кога замина во Вест Бромвич Албион, каде остана до 2018 година и беше префрлен во Лестер.
„Привилегија е да се игра за овој голем клуб и да се чувствува поддршката од исклучителни навивачи. Чест ми е што се вратив минатата сезона“, изјави 36-годишниот Еванс.
Минатата сезона Еванс одигра 30 натпревари, а Ерик тен Хаг го стави од клупата во финалето на ФА Купот на Вембли во Лондон, кога Јунајтед го победи Манчестер Сити со 2-1.
Adding invaluable experience to the dressing room 🤝❤️#MUFC pic.twitter.com/79auE8c3zT
— Manchester United (@ManUtd) July 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА