Ракометарите на Алкалоид на најдобар можен начин ја завршија својата прва задача од полуфиналната пресметка во Европскиот куп на ЕХФ. Трумфирајќи со 42-37 против норвешки Рунар, избраниците на Кирил Лазаров сега чекорат кон финалето на Европскиот Куп и покрај тоа што се свесни дека ги очекува повеќе од тежок реванш за седум дена.
Иван Џонов беше еден од најдобрите во тимот на Алкалоид со седум гола завршувајќи како втор стрелец во тимот.
„Јасно е дека игравме против еден навистина добар тим, кој игра брз ракомет. Беше тешко во контиуитет да се држи ритам со нив, и јасно е дека не чека тежок реванш. Успеавме да дојдеме до посакуваната победа, но сега ќе мора многу добро да се подготвиме за реваншот ако сакаме успех“ – изјави Џонов по мечот.
Реваншот меѓу Алкалоид и Рунар се игра на 27 април од 17 часот во Сандефјорд, Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА