Џонов: Беше тешко по битката со Австрија, но најдовме сила за триумф над Катар

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Иван Џонов добива улога на секој натпревар на Македонија на овој шампионат и левото крило одлично ги користи шансите што му се укажуваат.

Тој постигна два гола во големата победа против Катар, за која смета дека клучна беше квалитетната одбрана и брзиот напад.

Ментално беше малку тешко по дуелот со Австријците. На турниров играме речиси на секој натпревар така, како резултатски ролеркостер. Се подготвивме ментално, се одморивме физички и тактички одговоривме на се што беше побарано од нас. Мислам дека ја посакувавме повеќе победата од Катар и заради тоа ја издејствувавме. Одигравме квалитетно во одбрана и со помош на голманите ја искористивме нашата младост и полетност, реализирајќи што е можно повеќе голови“, изјави Џонов.

Се вчитува...