Џонов: Да бидеме дисциплинирани во нападот, така ќе спречиме лесни голови на Силкеборг

Иван Џонов на почетокот од оваа календарска година од Пролет се пресели во Алкалоид, а македонскиот репрезентативец експресно се адаптираше во тактичките замисли на тренерот Кире Лазаров и се наметна како еден од најважните играчи во бековската линија на „сино-белите“ од Автокоманда.

Џонов беше меѓу најдобрите стрелци на првите две европски средби, против Војводина и Ла Риоха, а се очекува во ист стил да продолжи и на утрешниот дуел со Силкеборг.

„Силкеборг е екипа составена од млади играчи, но имаат и поискусни асови кои се главни ѕвезди во тимот како Расмус Лауге и Рене Тофт Хансен. Нивна главна одлика е цврстата одбрана, ние мораме да бидеме дисциплинирани во нападот, да ги лимитираме грешките и со тоа да ја неутрализираме нивната транзиција. Добро сме тактички подготвени за противникот, ако одиграме најдобро што знаеме верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Ќе ни биде потребна и поддршка од нашите верни навивачи и би сакал да ги поканам во што поголем број да додјат утре и да го проследат овој квалитетен натпревар“, изјави Џонов.

Се вчитува...