Ракометарите на Алкалоид максимално фокусирани го дочекуваат денешниот реванш дуел со АЕК од финалето на ЕХФ Европскиот куп.
„Сино-белите“ од Автокоманда имаат одлични плус четири од првиот меч во Атина, но избраниците на Кире Лазаров се свесни дека против себе имаат ривал што никако не смее да биде потценет.
„Среќни сме поради нашата игра и големата победа во Атина, но знаеме дека ништо не е готово, тоа беше само прво полувреме и ни претстојат уште 60 минути. Имавме можност да го видиме противникот на дело, во изминатата седмица напорно работевме и максимално подготвени ќе го дочекаме овој реванш. Знаеме каков предизвик е пред нас, сите сакаме да го кренеме пехарот, ќе имаме полна сала за поддршка и ќе сториме се за да ги израдуваме нашите верни навивачи. Треба да одиграме онака како што знаеме, ако го сториме тоа верувам дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат и на крајот ќе славиме“, истакна Иван Џонов, еден од многуте македонски репрезентативци во таборот на Алкалоид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

