ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари максимално подготвени го дочекуваат претстојниот предизвик на ова светско првенство, пресметката со Холандија што е закажана за вечерва со почеток во 18 часот.
Иван Џонов е еден од играчите кои добија помала минутажа против Унгарија, ги заврши дадените задачи и даде придонес во одличната игра и ремито на отворањето на СП 2025, а бекот на Алкалоид
„Го оставивме зад себе дуелот со Унгарија, секако дека во прв момент тагувавме што не успеавме да стигнеме до победата што ни беше толку блиску, но од друга страна, ако некој ни понудеше реми пред мечот без размислување ќе прифатевме. Одигравме квалитетен натпревар, не бевме потценети од Унгарците, туку едноставно ние игравме на високо ниво и тоа е најважно од се. Сепак, ова е турнирски систем, мора веднаш да се фокусирате на следниот предизвик, за нас тоа е Холандија. Играме против уште една квалитетна репрезентација, мислам дека според сстилот на игра Холандија и Унгарија воопшто не можат да се споредат, но тоа е најмалку важно, она што е најважно ние да ја играме нашата игра, советите од стручниот штаб да ги исполниме на терен бидејќи тоа е рецептот за успех на нашата репрезентација“, изјави Џонов во пресрет на оваа средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

