Џонов: Охрид носеше засилувања, но Пролет победи со карактер и тимски дух

Ракометарите на Пролет имаат причина за оптимизам по одличната игра и заслужената победа над Охрид на отворањето на новата суперлигашка сезона. Цврстата одбрана беше заштитен знак на Тинекс Пролет на отворањето на сезоната, а одличниот тимски пристап е нешто на што тренерот Матлиески ќе инсистира да се задржи и на следните натпревари.

„Охрид се засили со квалитетни ракометари летово, но ние го имаме она што е наш заштитен знак – борбеност и тимска игра. Токму таквиот пристап ни ја донесе победата. Бевме на највисоко ниво во одбраната, се боревме за секоја топка и на крајот заслужено се радувавме на триумфот. Можеби имавме и малку среќа што со Охрид се сретнавме на самиот почеток на сезоната, додека овој тим не е доволно воигран, па ние токму со таа тимска хемија што ја имаме изградено со години дојдовме до посакуваниот резултат“ – истакнува Иван Џонов, крилниот ракометар кој сезонава настапува како десен бек по заминувањето на Мартин Манасков.

Пролет во второто коло го очекува дуел на гостински терен против Металург2.

 

Се вчитува...