Џонов: Петнаесет гола не ми се рекорд

Младиот ракометар на Тинекс Пролет, Иван Џонов е едно од откровенијата во досегашниот дел од Супер-лигата, откако по заминувањето на Мартин Манасков од клубот од позицијата лево крило доби шанса да игра на лев бек. Одличната игра на почетокот на сезоната тој ја потврди во победата над Работнички постигнувајќи дури 15 погодоци.

„На почетокот од кариерата, во младинските категории, настапував како среден бек, така што кога добив шанса по заминувањето на Манасков тоа не ми беше нешто непознато. Кога влегов во сениорски води кај нас честа пракса е младите ракометари да се селат на крило, тоа се случи и со мене кај тогашниот тренер Темелковски. Искуството од тие средби исто така ми користи, но сега имам нова улога во тимот, како лев бек. Почетниот натпревар со Охрид во првото коло чувствував одреден притисок, но на секој нареден дуел покажувам се подобри игри. Не сум класичен бек-шутер како многумина на мојата позиција, но благодарение на продорноста и претходното искуство како среден бек, добро се снаоѓам во оваа улога. Секако дека сум задоволен, играм добро, но што е уште поважно – тимот бележи одлични резултати“ – вели Џонов. 

15 гола на мечот против Пролет, не се рекорд за овој млад ракометар.

„Досега немав постигнато 15 гола во дресот на Тинекс Пролет, но тоа не е мој рекорд кога станува збор за севкупната кариера. Додека бев на позајмица во тимот на Партизан Гевгелија, на еден натпревар од Првата лига дури 17 пати се запишав меѓу стрелците“ – завршува Џонов. 

Екипата на Тинекс Пролет одлично ја стартуваше Суперлигата, каде по четири одиграни кола имаат скор од 3 победи 1 нерешена.

 

Се вчитува...