Џонов: Пролет оди во планот, плејофот е на дофат

Екипата на Пролет е на добар пат повторно да ги оствари зацртаните цели – пласман меѓу најдобрите четири тимови во Супер-лигата и учество во плејофот. Триумфот над Вардар јуниор беше значаен чекор напред кон овој успех, а во прилог на скопскиот клуб беше и поразот на Охрид на гостувањето против Струга.

Во првото полувреме не бевме во посакуваниот ритам, меѓу другото и поради фактот дека повеќе од два месеци бевме без официјален натпревар. Сепак, ситуацијата се промени во вториот дел, заигравме подобро во одбраната, бевме побрзи во транзицијата и лесно стигнувавме до чисти позиции за постигнување на гол. Квалитетот, како и подолгата ротација беа очигледно и ни ја донесоа победата. Со најновиот развој на настаните сега ни е доволна и една победа за да бидеме во плејофот. Сепак, тоа не ги менува нашите планови, сакаме да стигнеме до три победи до крајот на сезонава и во триумфален ритам да влеземе во претстојното разигрување со најдобрите тимови во Македонија“ – истакнува Иван Џонов за клупската веб-страница.

Пролет во следното коло од Супер-лигата ќе го пречека тимот на Радовиш, дуел на кој избраниците на Матлиески важат за големи фаворити.

Се вчитува...