Џонов: Пролет покажа карактер во Кавадарци

Иван Џонов беше меѓу најзаслужните за камбекот на Пролет на гостувањето против Тиквеш, дуел што заврши без победник (24-24). Кавадарчани имаа предност од три гола до петнаесетина минути до крајот, кога токму Џонов со неколку погодоци и едно изнудено исклучување го врати својот тим во ритам и го предводеше камбекот на Пролет во Кавадарци.

Гостите од Скопје се вратија целосно за помалку од пет минути, за во неизвесна завршница да пропуштат и два напади за целосен пресврт и победа во салата „Јасмин“.

Враќањето во мечот се должеше на одличната колективна игра. Го променивме системот на игра во одбраната, од 6-0, во 5-1, додека во нападот реализиравме неколку шанси што ги создадовме, а што не ги претворивме во голови во првото полувреме. Она што најмногу радува е карактерот што го покажавме, заигравме најдобро кога беше најважно. Не е нималку лесно да се остане непоразен во Кавадарци, а ние успеавме во тоа, притоа пропуштајќи и шанси за победа“, изјави Џонов.

Следен предизвик за Пролет е гостувањето против градскиот ривал Скопје, последен меч пред паузата поради претстојата ЕХФ-недела.

„Се наоѓаме во добра форма и сакаме да продолжиме со квалитетни партии. Нема да дозволиме опуштање против Скопје како што тоа беше случај на гостувањето во Радовиш, сите сме максимално мотивирани да стигнеме до нова победа и да останеме без пораз до претстојата пауза за репрезентативните натпревари“, вели Иван Џонов.

Се вчитува...