Македонската ракометна репрезентација ги продолжува подготовките во Маврово за СП 2023, каде Кире Лазаров ќе ја темпира формата на својот состав за мундијалската група во Краков.
Еден од оние кои се надеваат на место на финалниот список е и Иван Џонов, бекот на Пролет кој се надева дека добрата полусезона на клупски план ќе ја продолжи и во дресот на репрезентацијата.
Џонов минатото лето настапи на Медитеранските Игри, а пред неколку месеци настапи за сениорската репрезентација против Луксембург и Турција, на стартот од квалификациите за ЕП 2024.
„Повикот на селекторот многу ми значи и можам да кажам дека ќе сторам се за максимално да ги одработам овие подготовки. Се чувствувам одлично, играм во добра форма на клупски план, се надевам дека добрите игри од Тинекс Пролет ќе ги продолжам и во дресот на репрезентацијата. Имаме доволно време за подготовки и воигрување, ќе одиграме и четири пријателски натпревари со кои очекуваме максимално подготвени да го дочекаме светскиот шампионат. Таму групата е добро позната и нималку лесна, но ние ќе дадеме се од себе за да оствариме најмалку една победа во Краков“, вели Иван Џонов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА