Џонов: Со голем оптимизам ја очекуваме иднината на ракометна Македонија

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Иван Џонов повторно го одигра второто полувреме на позицијата лево крило, добивајќи важна улога и во одбраната која сепак имаше многу проблеми со нападот „седум на шест“.

Сепак, ракометарот на Алкалоид не го криеше задоволството од новото квалитетно издание на Македонија на големите натпреварувања, најавувајќи уште подобри изданија во иднина.

„Ова беше многу тежок натпревар за играње, Австрија е квалитетна селекцијата, како тактички така тркачки. Се надмудрувавме 60 минути, ова беше перфектен натпревар. Беше тешко да се браниме против нивниот напад седум на шест, играа речиси без грешка. На крајот беше ролеркостер, можевме да победиме, а можевме и да загубиме. Мислам има за што да жалиме, но сепак треба да бидеме задоволни. Треба со еден голем оптимизам да ја дочекаме иднината, не само на овој шампионат туку и понатаму. Добро сме склопени, гинеме еден за друг, се бориме до крај, и тоа е што на Македонија ѝе потребно“, изјави Иван Џонов.

Се вчитува...