Играчот од средниот ред на Ливерпул, Куртис Џонс ја опиша формата на тимот како „целосно неприфатлива“.
„Црвените“ загубија девет од последните 12 натпревари во сите натпреварувања, што е нивниот најлош резултат во последните повеќе од 70 години. Само во последните три натпревари, тимот на Арне Слот прими 10 гола.
„Не знам зошто се случува ова. Немам одговори. Неприфатливо е. Немам зборови. Престанав да бидам лут и тажен и стигнав до точка каде што немам зборови. Јас сум фудбалер и навивач на Ливерпул и така ги гледам работите. Никогаш не сум доживеал толку лош тимски настап и вакви лоши резултати. На крајот на краиштата, сè уште го носиме овој амблем на градите. Додека не го симнеме, ќе се бориме и ќе се обидеме да го однесеме овој тим таму каде што треба да биде, да покажеме зошто Ливерпул е најдобриот тим во светот. Но, засега сме во лоша состојба и тоа мора да се промени.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

