Џон Џонс си го зацементира местото како еден од најдобрите УФЦ борци на сите времиња откако во одлична борба успеа да го нокаутира Стипе Миочиќ.
Дуелот на двајцата легендарни борци во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк мина во доминација на 37-годишниот Џонс, Миочиќ две рунди успеваше да се задржи на нозе, за на крајот да се најде на земја во третата рунда.
Хрватот ќе заработи загарантирани еден милион долари (оваа сума може да достигне до максимални три милиони), по борбата објави дека на 42-годишна возраст ја завршува кариерата.
„Разочарувачки е што загубив. Знаев дека тој е еден од најдобрите на сите времиња, влезе и делуваше силно. Тоа е се од мене… се пензионирам. Му благодарам на Бога за се“, објави Миочиќ.
JON BONES JONES KNOCKS OUT STIPE MIOCIC
THAT’S WHY HE’S THE GOAT! THE GOAT!!! @SpinninBackfist #UFC309pic.twitter.com/yi7UR6FBFC
— Barstool Sports (@barstoolsports) November 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА