Џонсон: Путин на СП 2018 како Хитлер на ОИ 1936

Политичката криза меѓу Русија и Велика Британија се повеќе се вдлабочува, па така Министерот за Надворешни Работи на „обединетото кралство“, Борис Џонсон, упати жестоки критики на адреса на Владимир Путин, споредувајќи го рускиот претседател со Адолф Хитлер. Џонсон повика Англија да го бојкотира претстојниот мундијал што ќе се игра во Русија, поради пропагандата што тој очекува Путин да ја прави за време на СП.

„Англија треба да се откаже од настапот во Русија. Нема шанси јас да заминам таму, бидејќи тоа ќе биде пропаганда на режимот на Путин. Тој ќе го искористи СП како што Хитлер ги користеше ОИ во 1936  година, за свои цели и за својот нацистички режим. За мене лично, оваа споредба е сосема логична“ – изјави Борис Џонсон.

Се вчитува...