Англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон изминатото лето ја зголеми европската колонија во првенството на Саудиска Арабија потпишувајќи богат договор со Ал-Етифак кој е предводен од легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, но по само пола сезона тој би можел да се врати во европскиот фудбал.
Гласините за можно враќање во редовите на Ливерпул засега ги отфрли тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, но британските медиуми инсистираат за враќање на 33-годишникот со тоа што покрај неговиот поранешен клуб во Премиерлигата постои интерес и од други европски великани.
Хендерсон е голема желба на Ајакс кој по катастрофалниот старт на сезоната успеа да ги консолидира своите редови и да заигра на претпознатливото ниво. Славниот холандски клуб во моментот е на петтото место во тамошното првенство, а и покрај тоа што е надвор од трката за шампионскиот наслов, води битка за излез во Европа за која сака да го има и искусниот Англичанец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

