Регуларниот дел од сезоната 2024/25 во НБА лигата помина целосно во знакот на доминацијата на Никола Јокиќ, српскиот центар на Денвер Нагетс кој во просек постигнуваше трипл-дабл учинок со кој воедно е и меѓу најдобрите три поентери (трет), скокачи (трет) и асистенти (втор) во сезоната.
Со тоа Србинот ги засени Мајкл Џордан, Лебон Џејмс, Коби Брајант, Меџик Џонсон, Оскар Робертсон, Вилт Чемберлин… постанувајќи единствениот во историјата кој успеал да ја заврши сезоната меѓу тројцата најдобри во овие важни статистички категории.
Јокиќ пружаше фантастични партии во текот на целата сезона постигнувајќи вкупно 34 трипл-дабл учиноци од кои се издвојуваат натпреварите со Минесота (61 поен, 10 скокови и 10 асистенции) и Феникс (31 поен, 21 скок и 22 асистенции).
И покрај тоа голема е веројатноста дека Никола Јокиќ нема четврти пат да биде избран за МВП. НБА инсајдерите веруваат дека престижното признание ќе заврши во рацете на Шеј Гилџус-Александер, кошаркарот на Оклахома Сити Тандер кој со просек од 32.7 поени, 5.0 скокови и 6.4 асистенции го предводи тимот со најдобар учинок во сезоната (68-14).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА