Ајзеа Томас уште еднаш се потсети на најдобрите денови од кариерата, откривајќи кои кошаркари ги гледал како најголеми конкуренти. 80-тите години на минатиот век според многумина е „златниот период“ на НБА лигата во која своја доминација има ЛА Лејкерс и Бостон Селтикс, која на моменти беше урната од Филаделфија 76 и Детроит Пистонс.
„Говорам за периодот кога бевме млади и здрави. Значи од 1984. до 1990 година и бројките доволно кажуваат. Мајкл Џордан никогаш не ми беше конуренција. Тоа беа Лери Брд и Меџик Џонсон. Наша цел беше да бидеме подобри од Селтикс и Лејкерс, а не од Чикаго Булс“, изјави Томас.
Детроит во тој период имаа прекар „Лошите момчиња“ поради „валканата“ и груба игра во нападот и одбрана, а токму предводник во освојувањата на двата престена беше Ајзеа Томас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА