Легендарниот Мајкл Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот. Финансиските средства ќе ги добијат бројни организации кои се борат за човековите права, а ќе бидат дистрибуирани преку неговата „Џордан бренд“ во период од десет години.
„Ќе донираме 100 милиони евра во текот на следните десет години. Мораме да бидат здружени силите со заедницата, владата и граѓанските лидери за да создадеме заедничко влијание за подобро утре. Има уште многу работа пред нас“ – се вели во соопштението од претседателот на „Џордан бренд“, Крег Вилијамс.
САД се уште е под налетот на серија големи протести по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА