Феникс 2010 во продолжението од сезоната нема да може да смета на услугите на Џордан Такер кој реализираше трансфер во бугарското првенство каде ќе настапува за Черноморец. Американецот пристигна како големо засилување за скопскиот клуб, а со добрите настапи во првенството го примами интересот на Бугарите кои ја активираа откупната клаузула.
Такер одигра пет натпревари во „виолетово-жолтите“ бои на кои оствари просек од 16.4 поени со 52 отстотна реализација за два и 56 отстотна реализација за три поени, а додаде и 5.4 скока и 1.0 асистенција.
Тоа е вториот кошаркар кој реализира трансфер од редовите на Феникс 2010 оваа сезона по Демонте Бакингхем кој на крајот на ноевмри се пресели во унгарски Атомерому.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

