Српскиот центар Никола Јокиќ продолжува да ги воодушевува љубителите на кошарката оваа сезона, како и во секоја од претходните 11 во НБА лигата.
Еден од оние играчи кои имаа исклучителна врска со Јокиќ во Денвер беше Диандре Џордан, кој во подкаст детално зборуваше за тоа каков е српскиот ас. Тој истакна дека приказните дека Јокиќ не ја сака кошарката и не тренира доволно се големи измислици.
„Сите овие муабети дека не му е гајле за кошарката, тоа се мит. Не можеш да бидеш толку добар без да не му е гајле. Тој работи неверојатно напорно“, рече Џордан.
Како што вели, најтешката и најлесната работа му била, во исто време, да биде замена за Јокиќ.
„Беше и најтешката и најлесната работа да бидам негова резерва. Тој го има еден од највисоките кошаркарски коефициенти на интелигенција што некогаш сум ги видел. Тој е играч кој е првенствено на тимот. Сака да го прави она што е исправно. Некои играчи кои се суперѕвезди сакаат да шутираат секоја топка. Тој секогаш сака да додава кога ќе добие дабл, а сепак секогаш има трипл-дабл.“
Потоа раскажа каков е Јокиќ насамо…
„Кога сака да биде тивок, се преправа дека не знае англиски. Но, сака да се шегува, да слуша кантри и рап музика. Се грижи за своите соиграчи. Тој дефинитивно е најголемата ѕвезда „под радарот“ таму“, рече поранешниот Ол-стар играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

