Поранешниот најдобар фудбалер на светот и првиот африкански фудбалер освојувач на „Златната топка“, сега 51-годишниот Џорџ Веа стана претседател на Либерија.
Англискиот весник „Мирор“ објави дека овој пат тоа е официјално, за разлика од првобитните вести објавени во октомври кога медиумите го прогласија Веа за претседател, а всушност тој само бил во водство по првиот круг на претседателските избори во неговата земја по нецелосно преброените гласови. Веста тогаш го „излажа“ и Арсен Венгер, неговиот поранешен тренер во Монако, кој јавно му ја честиташе победата.
Веа, кој во својата фудбалска кариера настапуваше за Челси, Манчестер сити, Монако, ПСЖ и за Милан. По завршувањето на фудбалската кариера, тој сериозно и се посвети на политиката, а синоќа победи на претседателските избори и на функцијата ја наследи Елен Џонсон Сирлаф од која загуби на претседателските избори во 2005 година.
Освен по извонредните фудбалски достигнувања, Веа е познат и по својата хуманитарна работа. Претседателската кампања поранешниот фудбалер ја базираше на либералните начела, а глави цели му се зголемување на националниот буџет, намалување на националниот долг и работата на верската толерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА