Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, 21-годишниот Џош Гиди може да остане без 40 милионски договор со спонзорската компанија „Weet-Bix“ по истрагата која ја започна НБА лигата против него поради емотивната врска со 16-годишна девојка.
Австралиецот прво се најде на удар на јановста, а потоа се огласи и НБА лигата дека е започната истрага без наведување на детали околку истата. Но, неговиот клуб досега се нема огласено, ниту пак интервернираше, а Гиди доби поддршка од навивачите кои го пречекаа со аплауз.
Во меѓувреме компанијата за житарици „Weet-Bix“ која е гигант во Австралија ги отстрани сите фотографии со Гиди и се закани со раскинување на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА