Џошуа долета на рингот по провокациите од Вајт: Го сакам тоа големо гом.. во рингот!

Дилијан Вајт брутално го нокаутираше Дерек Чисора во синоќешната борба во Лондон, а по мечот веднаш го прозва шампионот Ентони Џошуа.

Јасно е дека и двајцата не се сакаат. Вајт единствениот пораз во кариерата го има од Џошуа, па беше очекувано да го повика…

„Јас сум воин број еден. Го сакам тоа големо гомно овде на рингот“ – го прозва Вајт и покажувајќи на Џошуа во публиката, кој веднаш потоа се појави на рингот и истакна дека Дилијан ќе добие своја шанса.

„Ако било кој заслужува борба за титула тоа е Дилијан. Вајлдер е прва мета, но ако нема борба со него еве ти ќе ја добиеш“ – му кажа Џошуа, а по кратка расправа Вајт си замина од рингот.

 

Можната борба меѓу Вајт и Џошуа треба да се одржи на 13. април следната година.

Се вчитува...