Џошуа го нокаутираше Пулев и ги одбрани титулите во тешка категорија (ВИДЕО)

Ентони Џошуа ги одбрани титулите во тешка категорија во верзиите ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО. Тој ги одбрани титулите откако го нокаутираше бугарскиот боксер Кубрат Пулев со технички нокаут во деветтата рунда.

Пулев освен што покажа валкани работи во текот на целата борба и неколку пати удираше по гонгот во ниту еден момент не ја оправда шансата која му беше дадена да се бори за светската титула во тешка категорија.

 

 

Се вчитува...