Ентони Џошуа светската титула ќе ја брани во Хрватска

Дуелот за светската боксерка титула во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев би можела да се одржи во Пула на античкиот амфитеатар. Ова е предлог на промоторот и на таборот на бугасрскот боксер кој е задолжителен следен противник на Џошуа. Мечот требаше да биде во јуни на стадионот на Тотенхем, но поради кризта настаната од пандемијата на коронавирусот, терминот мораше да биде откажан.

Двата табора си одредиле термин од четири недели за барање нова локација со оглед дека кризата во Велика Британија не попушта, а во сила се и ригирозни мерки и забрани. Термнот за одржување на борбата сега е август или септември. Арената во Пула е познта по држувањето музучки концерти на славни светски имиња, Елтон Џон, Лучано Павароти, Фу Фајтерс.

Мечот меѓу Џошуа и Пулев првично беше закажан за 2017 година, но Бугаринот тогаш се повлече порати повреда на рамото. Во изминатиот период пак, британските медиуми тврдеа дека мечот на Џошуа и Пулев би бил избегнат затоа што се подготвува спектаклот меѓу британските борци, Џошуа  и Тајсон Фјури. Идејата наводно била Пулев и Деонтеј Вајлдер кој му е обврзен противник на Фјури за бидат испалтени со по неколку милиони евра за да се откажат од дого ворените борби.

Се вчитува...