Британскиот боксер Ентони Џошуа истакна дека нема да жали долго време поради поразот од Украинецот Александар Усик, па најави дека веднаш ќе почне да се подготвува за нови борби.
Украинскиот борец ги освои појасите во тешка категорија ВБА, ВБО и ИБФ, откако го победи Британецот во Лондон со едногласна одлука на судиите.
„Нема да плачам и да се мразам, тоа е губење време. Не можев да гледам во деветтиот круг, бидејќи моето око беше затворено. Но, тоа беше и добро искуство, бидејќи треба да научиш нешто во време на неволја. Ми се случи за првпат што не можев да го видам противникот за време на борбата“, изјави Британецот.
Одличниот боксер веќе најави дека ќе бара реванш, на кој според договорот има право.
„Кога се враќав низ тунелот, си реков дека сум подготвен да се вратам на тренинзите. Сакам да се вратам во теретана, да се подобрам. Она што се случи беше одлична лекција. Знам дека можеме да гледаме на се’ од негативна точка, но морам да разберам дека има што да научам, да видам каде згрешив. Јас сум различно животно, не сум сум од оние што се жалат. Сега нема да одам дома и да плачам, ова е војна“, заклучи Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА