Ентони Џошуа и Тајсон Фјури најверојатно ќе се договорат за две борби во 2021 година, а на тој начин ќе се добие и апсолутниот светски шампион.
Скоро е сигурно дека британските боксери ќе се најдат на рингот, а борбите може да донесат заработка од над 500 милиони фунти.
„Ако се бориме, што сум убеден, тоа ќе биде еден од најважните настани во земјата, од Светскиот куп на ФИФА во 1966 година. Јас сум сериозен, но борбата ќе биде официјална кога ќе ја слушнете од мојата уста. Сакам да му ја откинам главата во рингот. Сигурен сум дека ќе победам “, рече Џошуа за ‘Гардијан’.
Секој сака еден од овие боксери да стане апсолутен светски шампион. Преговорите за борбата се веќе во тек, а промоторите Еди Херн и Боб Арум се уверени дека наскоро ќе биде постигнат договор за двете борби во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА