Ентони Џошуа викендот не успеа да ја продолжи својата победничка мисија, па ја загуби титулата на светски шампион во тешка категорија откако од него подобар беше Олександар Осик со едногласна одлука на судиите по 12 рунди.
Џошуа одржа прес-конференција по борбата и најави пресметка против Тајсон Фјури или Деонтај Вајлдер без разлика на тоа дали ги има појасите или не.
„Убаво е да се биде непоразен и да ги имате сите појаси, но мене ми е сеедно. Ќе се борам со Фјури или Вајлдер без разлика на тоа дали ги имам појасите. Важно е да сакаат луѓето да ја гледаат борбата. Тоа е важно за борбата за Фјури, ќе имате двајца британски борци кои се борат да дознаат кој е подобар“, потенцираше Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА