Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Ентони Џошуа, е отпуштен од болницата во Лагос, Нигерија, каде што беше примен по сообраќајна несреќа, објави „Дејли меил“.
Двајца од најблиските пријатели на Џошуа загинаа во судир со голема брзина во понеделник. Латиф Ајоделе и Сина Гами патувале со боксерската суперѕвезда кога нивниот џип удрил во застанат камион. Се верува дека двајцата седеле од десната страна на возилото и починале на местото на настанот. Возачот и Ентони, кој се возел зад него, чудесно преживеале.
Џошуа бил извлечен од возилото со помош на десетина очевидци кои се нашле на местото на несреќата. Тој остана во болницата во Лагос, иако неговиот живот беше надвор од опасност. Блиските на боксерот веруваат дека ќе има сериозни психолошки проблеми поради загубата на двајцата од неговите најблиски луѓе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

