Британскиот боксер Ентони Џошуа, со одлука на судиите, го победи Енди Роуз во Саудиска Арабија и си ги врати загубените појаси во тешка категорија.
По синоќешната победа Џошуа не можеше да ги сокрие емоциите истакнувајќи дека ова е голема победа за него демонстрирајќи како треба да се користат тајните на боксот за да се стигне на врвот…
„Пред се му благодарам на Господ и Бисмилах….Човек како мене никогаш не бара изговори. Минатиот пат ме нокаутираше. Сакав сега да ја покажам слатката страна на овој спорт. Важно е да се удира, а не да се биде удиран. Знате како се вели, остани гладен, остани понизен. Јас сум гладен и понизен во поразот, а ќе останам таков и во победата“ – истакна Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА