Британскиот боксер Ентони Џошуа изјави дека му е потребен меч против Тајсон Фјури и дека тоа би било голем предизвик за него.
Џошуа на 25. септември ќе треба да ја брани титулата во ВБА, ВБО и ИБФ категориите против Украинецот Олександр Усик, а доколку успее да ги одбрани титулите следен предизвик веројатно ќе биде мега борбата со неговиот сонародник.
„Дали ми е потребен меч со Фјури во кариерата? Потребен ми е дефинитивно. Потребен му е и на боксот и на сите нас. Ајде да видиме колку сум добар. Во боксот е тешко да станеш подобар, но борбата со Фјури би била вистински предизвик“, изјави Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА