Џошуа: Се откажувам од осум милиони долари, само за борба со Фјури

Ентони Џошуа, кој е носител на четири од пет појаси во тешка категорија, подготвен е да се откаже од милиони само да се бори со Тајсон Фјури за титулата апсолутен шампион на светот. Единствениот појас кој му недостасува е оној од ВБЦ верзијата, сопственост на Фјури.

„Ако Еди Херн може да осигура борба со Фјури, подготвен сум да се борам и без публика“ – вели Џошуа и дополнува:

„Доколку борбата не се случи брзо не верувам дека Фјури ќе биде тука кога се ќе се нормализира. Затоа мора да ја искористам оваа можност. Се откажувам целосно и од оние осум милиони долари кои би ги добил од продажба на билети. Сакам само да се борам“.

Британецот, меѓутоа, претходно има закажано меч против Кубрат Пулев, кој треба да се одржи во јули.

Се вчитува...