Џовани ван Бронкхорст е замената за Џерард во Ренџерс

Поранешниот холандски репрезентативец, Џовани ван Бронкхорст е назначен за нов тренер на шкотскиот великан Ренџерс. Холанѓанецот на тренерската позиција во клубот од Глазгов доаѓа како замена за Стивен Џерард, кој одлучи да го напушти клубот и да се пресели во премиерлигашот Астон Вила.

Ван Бронкхорст ќе има задача со тимот да ја одбрани титулата во шкотскиот шампионат, која минатата година по долг пост успеа да им ја донесе популарниот Стиви Џи.

Ван Бронхорст четири години беше на кормилото на Феенорд од 2015 до 2019 година, а работеше и во Кина каде го водеше Гвангжу во 2020 година.

 

 

Се вчитува...