Џовинко се врати во Италија

Досегашниот фудбалер на Ал Хилал, Себастијан Џовинко се врати во Серија „А“ после седум години настапи надвор од својата земја. Искуниот напаѓач кој има 35 години, остатокот од сезоната ќе го мине како фудбалер на Сампдорија.

На Сампдорија и требаше напаѓач, поради тоа што Габиадини се повреди, а Кваљарела има проблеми, па така во Џовинко видоа идеално решение. Тренерот Марко Џампаоло на располагање ги има само Капуто и Суприаго, па така Џовинко ќе ја зголеми конкуренцијата.

Џовинко во минатото беше дел од Јувентус, Емполи и Парма, а од 2011 до 2015 година настапуваше за Италија, за која одигра 23 меча. Во дресот на Торонто на 114 натпревари даде 68 голови.

Се вчитува...