Џуд Белингем се соочува со казна од четири натпревари

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид сезонава, Џуд Белингем може да биде суспендиран доколку Комитетот за натпреварување во Ла Лига оцени дека го навредил Мејсон Гринвуд.

Станува збор за инцидентот од натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид (0-2) кога со помош на читач на усни било утврдено дека Белингем го нарекол Гринвуд „силувач“. Судијата тоа не го виде на теренот, но по интервенцијата на Хетафе, се беше препратено на адресата на Ла Лига преку делегатот на мечот.

Читачот на усни ја известил комисијата за неговата интерпретација на видеото, а останува да се види како ќе се реши целиот случај. Тоа би можело да потрае неколку недели по можните жалби, а доколку биде прогласен за виновен, Белингем би можел да биде суспендиран на четири натпревари.

Се вчитува...