Англискиот премиерлигаш Ливерпул е сериозно заинтересиран за ангажман на германскиот репрезентативец Џулијан Брант. Менаџерот Јирген Клоп би сакал да го види крилниот играч на Баер Леверкузен во својот тим, а Ливерпул ќе ја активира отштетната клаузула од 21,5 милиони евра. Оваа сума англискиот клуб може да ја плати без никаков проблем, а ќе добие навистина квалитетен офанзивец.
Во трката за Џулијан Брант се и Реал Мадрид и Јувентус, а најавите велат дека може да се вклучи и Баерн Минхен.
Покрај за услугите на Брант, челниците на Ливерпул се интересираат и за Тимо Вернер од Лајпциг, проценет на 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА