Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Џулијан Дракслер ќе се врати во родната земја и ќе потпише за Баерн Минхен, пренесува „Франс-фудбал“. „Баварците“ се најзаинтересирани за играчот на ПСЖ, бидејќи сакаат да ја засилат офанзивната линија која во следната година ќе биде видно ослабена, поради заминувањето на Франк Рибери и Арјен Робен.
Дракслер кариерата ја почна во Шалке 04, од каде што за сума од 43 милиони евра премина во Волфзбург, a 18 месеци покасно прејде во ПСЖ за сума од 36 милиони евра. Сезонава тој запиша 42 настапи за тимот од „Паркот на принцовите“, на кои постигна пет гола и запиша 11 асистенции.
Покрај за Џулијан Дракслер, раководството на баварскиот гигант следната сезона во своите редови сака да го доведе и Лирој Сане од Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА