Ди Франческо е нов тренер на Сампдорија

Еузебио ди Франческо и официјално е нов тренер на Сампдорија. Тимот од Џенова потпиша договор со 49-годишниот Италијанец со важност до јуни 2022 година.

Ди Франческо изминативе две години ја предводеша Рома, а претходно во својата кариера бил тренер и на Сасуоло, Лече, Пескара и Виртус Ланчиано.

Се вчитува...