Рома дојде блиску, но, сепак, не успеа да го елиминира Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите. Големата негатива од првиот меч во Англија се покажа како решавачка, иако избраниците на Еузебио Ди Франческо стигнаа до триуф од 4-2 во завршницата на „Олимпико“. Тој е горд на трите постигнати гола во второто полувреме, но вели дека тимот реагирал одлично дури откако Ливерпул поведе со 1-2.
„Ова е убава вечер, ако ја гледаме посебно, меѓутоа не успеавме да обезбедиме пласман во финалето. Ни беше потребно ново чудо, се обидовме, но немавме доволно сили. Сепак, горд сум на триумфот и на начинот како реагиравме победнички во второто полувреме. За жал, тогаш веќе имавме негатива од 1-2, и тоа со два подарени гола за противникот по наши грешки“, изјави тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА