Откако не успеа да ја спаси Венеција од испаѓање од Серија „А“, сега Еузебио ди Франческо си најде нова работа. Лече го назначи за свој главен тренер.
Договорот на искусниот италијански тренер е на една сезона, но истиот ќе биде продолжен автоматски на уште една, ако успее да го спаси тимот од испаѓање.
Ди Франческо минатата сезона имаше само 5 победи, 14 нерешени и 19 порази, и доведе до испаѓање во Серија „Б“.
Ди Франческо еднаш беше веќе во Лече, односно го водеше тимот на 14 меча во 2011 година. Во меѓувреме беше тренер на Пескара, Сасуоло, Рома, Сампдроија, Каљари, Верона и Фросиноне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

