Италијанскиот голман Микене Ди Грегорио, не планира да го напушти Јувентус. И покрај тоа што има интерес од Англија, сепак, стандарниот чувар на мрежата нема намера да си замине од Торино.
За него во моментов е заинтересиран тимот на Манчестер Сити, кој бара замена за Едерсон, а претходно го одби и Ливерпул, кој го сакаше како замена за Алисон, па на крајот „црвените“ се одлучија за Георги Мамардашвили од Валенсија.
Јувентус исто така нема намера да преговара и да го загуби својот голман ниту сега во јануари, ниту на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА