Ди Канио: Икарди е кукавица, а ПСЖ е идеално место за „его-манијаци“

Една од најконтроверзните личности во светот на фудбалот Паоло ди Канио, го пецна Мауро Икарди велејќи за него дека е кукавица, а дека Пари Сен Жермен е идеален тим за „его-манијаци“ како него.

„Икарди не е модерен напаѓач, тој е кукавица. Дава голови само по центаршути. Кога е во прашање останатото, тој е неспосебен да ги прави работите кои треба да ги прави модерен напаѓач. Тој во ПСЖ? Не сум нималку изненаден што отиде во тој клуб, бидејќи е „Паркот на принцовите“ е природно место за недисциплинираните „его-манијаци“. Според мене и Љоренте е подобар од Икарди. Ја искористи шансата што му беше дадена со повредата на Кејн“, изјави Ди Канио. 

Паоло ди Канио во моментов е без тренерски ангажман, а последен пат беше на клупата на Сандерленд во 2013 година.

Се вчитува...